Корисни информации

Која е разликата помеѓу Парфем, EDP, EDT, EDC и Тестер?

Разликата е во количината на есенцијалните масла кои се користат за да се направи парфемот. Најсилен тип на мирис што може да се купи е чист парфем. По него доаѓа Eau de Parfum или парфимирана вода, потоа Eau de Toilette или тоалетна вода и на крај Eau de Cologne или колонска вода. Колку е повисок процентот на есенцијалните масла, толку подолготраен ќе биде мирисот и помала ќе биде количината која треба да се нанесе.

  • Парфем (Parfum): Најсилен и најконцентриран мирис, содржи 15-30% концентерација од есенцијални масла. Тоа значи дека треба да се нанесе помала количина, а мирисот трае подолго, обично до 6 часа, во зависност од типот на кожата.
  • Парфимирана вода (EDP): Полесна од парфемот, со концентрација од 8-15%, но сепак со долготрајни карактеристики, од 3 до 5 часа. Исто така чини помалку од парфемот.
  • Тоалетна вода (EDT): Помалку концентрирана од EDP, со 4-8% есенцијални масла. Вообичаено трае од 2 до 4 часа.
  • Колонска вода (EDC): Најслабо концентриран мирис со 3-5% есенцијални масла. Вообичаено трае 2 часа.
  • Тестер: Тестерот се разликува само по пакувањето. Тестерите се наменети за тестирање на парфемите и важно е да се знае дека тестерот по содржина и квалитет е идентичен со парфемот кој го претставува, единствената разлика е во пакувањето. Обично се спакувани во бела или сива кутија на која пишува "TESTER", а во одредени случаи се без кутија и капаче. Заради таквото пакување се препорачуваат за лична употреба, а не за подарок.
    Нагласуваме дека тестерот трае исто колку и парфемот во регуларно пакување и неговата количина не е помала од тоа што е означено на кутијата.

 

Оригинални производи

Кога се работи за купување на парфеми преку интернет, разбирливо е присуството на недоверба кај купувачот. Ве уверуваме дека ние продаваме исклучиво оригинални производи. Еден од најдобрите начините да препознаете фалсификувани парфеми е нереално ниската цена. Такви производи најчесто можете да сретнете на facebook, на пример сите парфеми имаат иста цена. Секој е парфем има различна набавна цена, па е нелогично да сите парфеми се продаваат по иста цена.

Исто така, нагласуваме дека некогаш сликите на нашата страна може се разликуваат од производот во однос на бојата, но тоа се должи на дигиталната обработка на сликите. Понекогаш производителите прават редизајн на парфемите, па може да се случи парфемот кој сте го купиле да се разликува од оној кој сте го имале пред неколку години.
Сите парфеми не се исто долготрајни на секој тип на кожа. Кога споредувате, секогаш внимавајте да споредувате EDP со EDP, EDT со EDT. Kај некои парфеми разликата помеѓу пакувањата на EDT и EDP не е лесно воочлива.