Начин на плаќање

Платежна картичка

Плаќањето со платежна картичка се врши со некоја од картичките означени на дното од страната. Наплатата ја врши овластен центар за наплата на платежни картички од РМ во соработка со Комерцијална Банка АД Скопје и Ф.Д. Динерс Клуб Интернационал Мак Дооел. Откако ќе ја направите нарачката и ќе ги пополните сите податоци за испорака, автоматски ќе бидете префрлени во центарот за наплата каде што ги внесувате вашите податоци од платежната картичка.

*При плаќање со Динерс Клуб кредитна картичка трошокот ќе биде поделен на 12 месечни рати, за корекција на истиот јавете се на (02) 15 155.

fragrance.mk нема никаква поврзаност, ниту пак пристап до податоците за наплата.

Плаќање на испорака
По комплетирање на нарачката, истата ја превзема компанијата за испорака. Курирот најпрво ќе ве контактира на телефонскиот број кој го оставате при регистрација или при правење на нарачка за да се договорите за терминот за испорака. Плаќањето се врши во моментот на примопредавање на пратката, исклучиво во денари. За повеќе информации за испораката, кликнете овде.