Ново на fragrance.mk

Производи 1 до 30 од вкупно 73

  • ACQUA DI PARMA Colonia Essenza EDC

    Италијанската дизајнерска куќа Acqua di Parma го промовираше својот мирис Essenza di Colonia во август 2010 година. Цитрусно, ароматичен мирис за мажи, чии дрвенести ноти даваат софистициран и елегантен шмек на оваа колонска вода. Појавувањето на Essenza di Colonia е пропратено со интересна рекламна кампања каде се појавува елегантен смокинг, кој всушност го одликува италијанскиот стил и елеганција, а фотографот Giovanni Gastel ја доловува целата приказна.

    од: ден 5.450,00

    Преглед
  • ARIANA GRANDE Moonlight EDP

    Американската поп ѕвезда Ariana Grande го претставува својот парфем Moonlight, во соработка со компанијата Luxe Brands, кој припаѓа во истата колекција како и нејзините претходни изданија. Moonlight е цветно овошен мирис за жени, претставен во 2017 година.

    од: ден 3.940,00

    Преглед
  • ARIANA GRANDE Sweet Like Candy EDP

    Sweet Like Candy на Ariana Grande е цветно-овошен гурмански мирис за жени. Овој мирис е трет по ред на поп ѕвездата, после успешните лансирања на Ari од 2015 година и унисекс мирисот наречен по нејзиниот брат Frankie од 2016 година и се појавува истата 2016 година. Инспириран од заводливо слатката, забавна и секси личност на Ариана, мирис совршен за флерт и искушенија.

    од: ден 3.940,00

    Преглед
  • ARIANA GRANDE Thank U Next EDP

    Thank U, Next на Ariana Grande е цветно-овошен гурмански мирис за жени, претставен во 2019 година, креација на парфимерот Jerome Epinette. Парфем кој е одраз и инспирација за водење живот по свои правила, без да се плашиш да им пркосиш на предизвиците и да умееш да се спротивставиш и кажеш Благодарам, следниот!

    од: ден 4.430,00

    Преглед
  • ARMAF Club de Nuit Woman EDP

    Club De Nuit од Armaf е женска парфимирана вода, со посебен, опулентен и деликатен мирис со пенлива свежина на цитруси, комбинирана со цветни овошни ноти на роза, јасмин и личи, додека основата е составена од ветивер, пачули и мошус.

    од: ден 2.520,00

    Преглед
  • ARMANI In Love With You Freeze EDP

    In Love With You Freeze на Giorgio Armani е свеж, цветен мирис за жени претставен во 2020 година. Мирис кој го прославува животот и остава порака да живееме во сегашноста и да го зграпчиме секој среќен момент за да трае среќата подолго. In Love With You Freeze е парфем кој гали со свежа цреша, нежен божур, примамлив и топол пачули, сензуален и елегантен бел мошус.

    од: ден 3.990,00

    Преглед
  • ARMANI My Way EDP

    My Way на Giorgio Armani е цветен мирис за жени, претставен во 2020 година. Елегантен парфем наменет за жени кои се подготвени да ги прошират своите хоризонти и да остваруваат значајни средби. Направен е од внимателно избрани состојки - бергамот и египетски цвет од портокал се вклопуваат во светол, цветен букет од тубероза и индиски јасмин, сензуална ванила и бели мошуси кои ја потпишуваат композицијата. Оваа креација ја потпишуваат парфимерите Carlos Benaim и Bruno Jovanovic .

    од: ден 5.360,00

    Преглед
  • BOUCHERON Quatre EDP

    Boucheron Quatre е најавен како цветен мирис со сочни овошни ноти и рафинирани дрвенести нијанси, а неговиот состав го потпишуваат парфемерите Nathalie Gracia-Cetto, Nadège Le Garlantezec и Antoine Maisondieu.

    од: ден 3.280,00

    Преглед
  • BOUCHERON Quatre pour Homme EDT

    Дизајнерската куќа Boucheron во соработка со Interparfums го најавува машкиот мирис Boucheron Quatre наречен по познатата колекција на прстените Quatre. Прво е најавено и пласирано женското издание, па малку подоцна истата 2015 година, е претставено и машкото издание. Quatre Pour Homme е елегантен, дрвенест мирис за мажи со стил.

    од: ден 2.560,00

    Преглед
  • BURBERRY Brit Rhythm for Him Intense EDT

    Дизајнерската куќа Burberry инспирирана од британската рок сцена, го претстави својот мирисен пар Brit Rhythm for Him во септември 2013 година и Brit Rhythm for Her во 2014 година. Во февруари 2015 година се појавува нова едиција на овие мириси- Brit Rhythm for Him Intense и Brit Rhythm for Her Floral. Brit Rhythm for Him Intense е најавен како уште помажествено издание со зголемен кожен акцент. Потпис на оваа креација става парфимерот Dominique Ropion.

    од: ден 2.920,00

    Преглед
  • BVLGARI Omnia Crystalline Giftset EDT 40 ml + Shower Gel 40 ml + Body Lotion 40 ml

    Omnia Crystalline е инспириран од совршеноста на кристалот. Нежна како допир од цветни латици. Во високите ноти е прозрачниот бамбус и егзотичното азиско овошје наши, кое поседува оригинален свеж мирис со ноти на јаболко и крушка. Во средината е расцветан нежен и женствен лотус. Во основата има елегантни дрвени ноти. Креатор на парфемот е Alberto Morillas во 2005 година.

    ден 3.430,00
    Преглед
  • BVLGARI Splendida Tubereuse Mystique EDP

    Со колекцијата Splendida претставена во 2017 година, Bvlgari ги канализира најскапоцените аспекти на природата во парфимеријата. Блескав, мистичен, страствен и дарежлив, како и жената која го носи, мирисот Splendida Tubereuse Mystique е букет од свежи есенции и цветни ноти кои и даваат сензуален и заводлив миризлив потпис на жената која го носи. Мирисот е претставен во 2019 година, а е креација на парфимерката Sophie Labbe.

    од: ден 4.000,00

    Преглед
  • CALVIN KLEIN Eternity Air for Women EDP

    Eternity Air for Women е цветно овошен мирис за жени, претставен во 2018 година. Креација на свеж потпис на вечноста, со структура на контрасти, необична мешавина на природни воздушни и енергични сензации, поттикнувајќи возбудлива свежина со озонски ноти, грејпфрут, црна рибизла, божур, круша, мошус и кедар.

    од: ден 2.800,00

    Преглед
  • CAROLINA HERRERA Good Girl Supreme EDP

    Good Girl Suprême од Carolina Herrera е цветен мирис за жени, претставен во 2020 година. Креација е на парфимерот Louise Turner. Сочните гурмански бобинки делуваат како афродизијак кој одлично се надоврзува со интензивниот египетски јасмин, додека останатите состојки даваат модерен пресврт на конечната формула на композицијата.

    од: ден 5.740,00

    Преглед
  • CERA DI CUPRA Collagen & Vitamin Serum 30 ml

    Концентриран колагенски серум со витамини. Спречува губење на цврстината и еластичноста на кожата. Повторно ја згуснува и зацврстува, штити и го осветлува тенот, ја зајакнува структурата на кожата со стимулирање на процес на нејзина обнова. Содржи морски колаген, мултивитамински комплекс, екстракт од ферментиран мед кој ги зголемува хранливите и заштитните својства на овој серум.

    Начин на употреба: нанесете на чиста кожа секое утро и вечер со масажа додека целосно не се апсорбира. Може да се користи самостално на специфични делови на кожата или додадете неколку капки во Cera di Cupra хијалуронската крема. Може да се користи и како основа за шминка.

    ден 740,00
    Преглед
  • CERA DI CUPRA Hyaluronic Serum 30 ml

    Концентриран серум со три видови на хијалуронска киселина - со висока молекуларна тежина која овозможува хидратација и заштита на кожата, со средна молекуларна тежина за подобрување на еластичноста на кожата, со ниска молекуларна тежина за успорување на појавата на брчки.

    Начин на употреба: нанесете на чиста кожа секое утро и вечер со масажа додека целосно не се апсорбира. Може да се користи самостално на специфични делови на кожата или додадете неколку капки во Cera di Cupra хијалуронската крема. Може да се користи и како основа за шминка.

    ден 740,00
    Преглед
  • CHANEL Bleu de Chanel EDP

    Bleu de Chanel е префинет и современ машки мирис од дизајнерската куќа на Chanel, кој се појавил на пазарот во 2010 година. Неколку години подоцна, во 2014 година, Chanel претставува и нова верзија Bleu de Chanel Eau de Parfum. Мирис кој е посветен на слободата - бескрајна, длабока и безгранична. Дрвенесто-ароматична композиција која ја креирал парфимерот Jacques Polge. Оваа верзија го следи патот на оригиналното издание, но со збогатени состојки на килибар и дрвени ноти.

    од: ден 6.670,00

    Преглед
  • CHLOE Nomade EDT

    Nomade Eau de Parfum ја претставува суштината на слободниот дух на самоуверена жена, инспирирајќи се од нејзините искуства и средби низ целиот свет. Интензивниот минерален карактер на дабовиот мов е обвиткан во мекостa на сливата од Мирабела. Од оваа свежина произлегува светла цветна нота, предводена од фрезија. Природни состојки истакнати од парфемерот Quentin Bisch, откриваat акорди исто толку возбудливи како и чувството на бегство што тие го инспирираат.

    од: ден 4.320,00

    Преглед
  • COACH Floral EDP

    Coach Floral е инспириран од познатиот Coach дизајн со рози. Составот се отвора со ноти од цитрус во комбинација со розов бибер и ананас. Срцето вклучува рози, гарденија и цвеќиња од јасмин базирани на пачули, кремасто дрво и мошус.

    од: ден 2.750,00

    Преглед
  • COACH for Men EDT

    Coach for Men од Coach е дрвенесто ароматичен мирис за мажи. Претставен е во 2017 година и е креација на парфимерите Anne Flipo и Bruno Jovanovic. Инспириран од бунтовници и сите американски сонувачи, Coach for Men го симболизира духот на брендот. Комплексен и мажествен мирис, со енергични ноти на цитрус и круша, кои одлично се вклопуваат во дрвенестите мошусни ароми.

    од: ден 3.500,00

    Преглед
  • COACH Woman EDP

    Coach Eau De Parfum е женски мирис полн со контрасти, инспириран од спонтаната енергија и центарот на градот Њујорк. Мирисот отвора со малина, која им отстапува место на кремастите турски рози пред да стигне до сензуалната нотаа од мошус. Претставен е во 2016 година, како креација на парфимерите Juliette Karagueuzoglou и Anne Flipo.

    од: ден 3.540,00

    Преглед
  • DIESEL Fuel for Life Homme EDT

    Fuel for Life е претставен како ароматичен "fougere", носи ведри ноти на анасон и пенливо задоволство од грејпфрут во своите горни ноти. Срцето го сочинуваат малина и лаванда, а основата хелиотроп и дрвени ноти.

    од: ден 3.960,00

    Преглед
  • DIOR Eau Sauvage EDT

    Eau Sauvage од Christian Dior е цитрусно-ароматичен мирис за мажи. Претставен е во 1966 година, креиран во соработка со парфимерот Edmond Roudnitska. Револуционерен мирис во минатото, а иконски мирис и денес. Апсолутно модерен. Во знак на добар вкус и рафинирана маженственост, Eau Sauvage Eau De Toilette не е само мирис, туку синоним за апсолутна елеганција со траен Dior дух, внесен во модерната доба. Моќен, софистициран и свеж.

    од: ден 4.150,00

    Преглед
  • DIOR Poison EDT

    Poison е забранетото овошје на Dior, револуционерен мирис кој стана легенда уште со самото појавување во 1985 година. Неповторлива алхемија, зачинето - овошен, дрвенест мирис, со длабочина која примамува, маѓепсува и освојува веднаш и засекогаш. Мирис кој е добитник на наградата FiFi во 1987 година. Мистериозен, темен и елегантен, креација на парфимерот Edouard Flechier.

    од: ден 5.490,00

    Преглед
  • DOLCE GABBANA Light Blue EDT 100 ml + Body Cream 50 ml + 10 ml

    D&G Light Blue е лежерен, цветно-овошен мирис на сицилијанското лето. Сочни и влажни ноти на лимета и чемпрес, создаваат асоцијација за јужните шуми и морскиот брег. Популарен летен мирис, претставен во 2001 година, дизајниран од Olivier Cresp.

    ден 4.410,00
    Преглед
  • DOLCE GABBANA Light Blue Giftset EDT 50 ml + Body Lotion 50 ml + Shower Gel 50 ml

    D&G Light Blue е лежерен, цветно-овошен мирис на сицилијанското лето. Сочни и влажни ноти на лимета и чемпрес, создаваат асоцијација за јужните шуми и морскиот брег. Популарен летен мирис, претставен во 2001 година, дизајниран од Olivier Cresp.

    ден 3.570,00
    Преглед
  • DOLCE GABBANA Light Blue Love is Love EDT

    Light Blue Love Is Love од Dolce & Gabbana е цветен, дрвенест, мошусен мирис за жени, претставен во 2020 година. Летен мирис со врвни мирисни ноти на италијански лимон, зелено јаболко, црвени бобинки, малина, јасмин, килибар, мошус и кедар.

    од: ден 3.040,00

    Преглед
  • DOLCE GABBANA The One Grey EDT

    The One Grey е дрвенест ароматичен мирис за мажи, претставен во 2018 година. Креација е на парфимерот Jean-Jean-Christophe Herault. The One Grey се надоврзува на приказната која започна со The One for Men Eau de Toilette, а потоа со The One for Men Eau de Parfum и означува едно болдирано поглавје, потпирајќи се на миризливото наследство на The One, создавајќи впечатливо нова интерпретација- изненадувачка фузија на стротивности, тоалетна вода со ароматичен кардамон, земјест ветивер и ноти на тутун.

    од: ден 3.030,00

    Преглед
  • DOLCE GABBANA The One Mysterious Night EDP

    The One Mysterious Night е зачинет килибарен мирис за мажи, претставен во 2018 година. Следејќи го примерот на The One Royal Night, The One Mysterious Night е второто ексклузивно издание од Блискиот Исток што се приклучува на франшизата, прославувајќи ја повторно комбинацијата на арапска душа со италијански есенции.

    од: ден 4.680,00

    Преглед