Blu Mediterraneo - Mandorlo di Sicilia беше претставен во 1999 година како ориентално-цветен унисекс мирис. Сицилија е раскрсница на уметноста и културата, а бадемот е дел од локалните традиции и вкусови. Познат во Италија како Mandorlo di Sicilia, пријатниот шмек на сицилискиот бадем ја начнува палетата на мириси.
од: ден 4.220,00
Colonia Ebano Eau de Cologne Concentré е уникатен мирис за мажи создаден од необична мешавина. Свежината на цитрусните ноти типични за Colonia е уникатно комбинирана со дрвенестите, зачинети ноти на абонос.
од: ден 5.780,00
Acqua di Parma започнала како мала фабрика во Парма. Првиот парфем е создаден во 1916 година, во Колонија, и на почетокот бил користен за парфимирани машки шамивчиња. Колонија се претворил во вистински симбол на Италијанскиот шик помеѓу Американските и Европските ѕвезди во пред воените (1930 тите) и пост воените (1950тите) години. Cary Grant и David Niven, Ava Gadner и Eva Turner, на кои подоцна им се придружува и Audrey Hepburn, биле помеѓу најстрасните обожаватели на Колонија. Од мала Фабрика, Acqua di Parma прераснала во проминентна куќа со широк опсег на дистрибуција. Acqua Di Parma Colonia е претставен како сицилијански цитрусен мирис.
од: ден 4.850,00
Colonia Rura е нов мирис, со цветни и дрвенести мошус ноти, наменет и за мажи и за жени. Претставен е во 2017 година, а позади него стои парфимерот Francois Demachy. Традиционално за мирисите на Acqua di Parma се почетните свежи ноти на портокал.
од: ден 4.980,00
Поп-пеачката Ariana Grande го претстави својот прв парфем во септември 2015 година, наречен Ari by Ariana Grande. Мирисот е најавен како раскошен и сексипилен, со уникатниот карактер и стил на Ariana. Пораката која ја праќа до своите обожаватели преку лансирањето на овој парфем е да ги прифатат своите недостатоци и да ги прослават своите разлики, да бидат свои и да се сакаат како такви. Единствени!
од: ден 3.110,00
Cloud е цветно-овошен гурмански мирис за жени, претставен во 2018 година. Парфемот е нова креација на радост, инспирирана од оптимизам и надеж. Возбудлив и занесен мирис со уметнички израз на позитивна енергија и среќа. Clement Gavarry е парфимерот кој стои позади ова издание.
од: ден 3.850,00
Acqua di Gio Absolu е нова креација во Acqua di Gio линијата, дело на врвниот парфимер Alberto Morillas. Мирисот е најавен како нова сензуалност на колекцијата која со микс од морски ароми и пачули настапува софистицирано и мажествено. Absolu отвара ново поглавје на Acqua di Gio приказната која го истакнува сојузот помеѓу човекот и природата и ги ослободува неговата внатрешна сила и слобода.
од: ден 5.220,00
Acqua di Gio беше промовиран во 1996 година и оттогаш бележи огромен успех. Armani го објави издавањето на новата верзија Acqua di gio Еssenza, концентрирана како Eau de Parfum. Новaта верзија е безвременска и интензивна реинтерпретација на оригиналот. Опишан како интензивен и сензуален, парфемот е помалку фокусиран на морски, а повеќе на дрвени и килибарни ноти. Креатор на парфемот е повторно Alberto Morillas.
од: ден 4.400,00
Инспириран од убавините на Пантелерија каде што го поминал својот одмор, Армани ги создал женската и машка арома Acqua di Gio. Машкиот мирис е мирис на слобода, полн со ветар и вода, во перфектна комбинација со солените ноти на морската вода и нијанса сончева топлина која ја грее кожата. Креиран е од Alberto Morillas во 1996 година.
од: ден 2.650,00
Acqua di Giò Profondo е интензивно морско толкување на Acqua di Giò. Повеќе од мирис, Aqua di Giò Profondo е волшебно длабоко нуркање во длабочината на душата, прифаќајки ги вредностите на слободата, сензорноста и модерната мажественост, откривајќи уште подлабока димензија. Создаден од легендарниот парфимер Alberto Morillas, промовиран во 2020 година, Acqua di Giò Profondo е капсулиран во амблематско стаклено шише во елегантно, длабоко и темносино издание, одекнувајќи ги морските тонови што ги зафаќа. "Сина, како густа сенка што изразува сензуалност. Во своите различни нијанси, тоа е течна боја што дава чувство на флуидност и рафинирана елеганција" - вели Giorgio Armani.
од: ден 5.690,00
Armani го претставува Acqua di Gio Profumo скоро 20 години по популарниот воден мирис Acqua di Gio. Acqua di Gio Profumo е елегантна, прозрачна и интензивна верзија, а неговиот мирис симболизира спој на морските бранови и црните карпи.
од: ден 5.220,00
Acqua di Gioia е мирис презентиран уште од март 2010 година. Заводливите ароми на морето се ставени во прв план, кои се всушност и инспирација за креаторите. Составот на парфемот се споредува со жена која е со силен, достоинствен и слободен дух, но, истовремено и во совршена хармонија со природата. Инспириран од неколку летни одмори поминати на островите Пантелерија и Антигва, каде Армани има свои вили, мирисот го водеше до идејата за бегство во природа, небесно место за вистински одмор каде ја враќа енергијата неопходна на телото и душата, и каде создаваме природна рамнотежа. Парфемот е создаден од страна на тројца парфемери Лок Донг, Ана Флипо и Доминик Ропион.
од: ден 3.500,00
Армани во 2017 година го најави новиот пар парфеми, машка и женска верзија, кој е всушност новиот столб на линијата од Емпорио Армани. Истата таа линија на парфеми ја претставува "Модерната љубовна приказна на денешницата". Женската верзија Because It's You и машката Stronger with You се достапни на пазарот од јуни 2017 година. Anne Flipo стои позади оваа приказна.
од: ден 4.350,00
Armani Code е ориентален, зачиснест мирис за мажи. Креиран во 2004 од Antoine Lie, Antoine Maisondieu и Clement Gavarry. Горните ноти се бергамот и лимон, во средината анасон, маслинов цвет и дрвенести ноти. Во основата се фино обработена кожа, тутун и сирово дрво.
од: ден 2.580,00