Машки парфеми

Производи 1 до 30 од вкупно 35

  • ACQUA DI PARMA Blu Mediterraneo Mandorlo di Sicilia EDT

    Blu Mediterraneo - Mandorlo di Sicilia беше претставен во 1999 година како ориентално-цветен унисекс мирис. Сицилија е раскрсница на уметноста и културата, а бадемот е дел од локалните традиции и вкусови. Познат во Италија како Mandorlo di Sicilia, пријатниот шмек на сицилискиот бадем ја начнува палетата на мириси.

    од: ден 4.220,00

    Преглед
  • ACQUA DI PARMA Colonia EDC

    Acqua di Parma започнала како мала фабрика во Парма. Првиот парфем е создаден во 1916 година, во Колонија, и на почетокот бил користен за парфимирани машки шамивчиња. Колонија се претворил во вистински симбол на Италијанскиот шик помеѓу Американските и Европските ѕвезди во пред воените (1930 тите) и пост воените (1950тите) години. Cary Grant и David Niven, Ava Gadner и Eva Turner, на кои подоцна им се придружува и Audrey Hepburn, биле помеѓу најстрасните обожаватели на Колонија. Од мала Фабрика, Acqua di Parma прераснала во проминентна куќа со широк опсег на дистрибуција. Acqua Di Parma Colonia е претставен како сицилијански цитрусен мирис.

    од: ден 4.790,00

    Преглед
  • ACQUA DI PARMA Colonia Pura EDC

    Colonia Rura е нов мирис, со цветни и дрвенести мошус ноти, наменет и за мажи и за жени. Претставен е во 2017 година, а позади него стои парфимерот Francois Demachy. Традиционално за мирисите на Acqua di Parma се почетните свежи ноти на портокал.

    од: ден 5.190,00

    Преглед
  • ARMANI Acqua di Gio Absolu EDP

    Acqua di Gio Absolu е нова креација во Acqua di Gio линијата, дело на врвниот парфимер Alberto Morillas. Мирисот е најавен како нова сензуалност на колекцијата која со микс од морски ароми и пачули настапува софистицирано и мажествено. Absolu отвара ново поглавје на Acqua di Gio приказната која го истакнува сојузот помеѓу човекот и природата и ги ослободува неговата внатрешна сила и слобода.

    од: ден 5.220,00

    Преглед
  • ARMANI Acqua di Gio Essenza EDP

    Acqua di Gio беше промовиран во 1996 година и оттогаш бележи огромен успех. Armani го објави издавањето на новата верзија Acqua di gio Еssenza, концентрирана како Eau de Parfum. Новaта верзија е безвременска и интензивна реинтерпретација на оригиналот. Опишан како интензивен и сензуален, парфемот е помалку фокусиран на морски, а повеќе на дрвени и килибарни ноти. Креатор на парфемот е повторно Alberto Morillas.

    од: ден 4.400,00

    Преглед
  • ARMANI Acqua di Gio Profondo EDP

    Acqua di Giò Profondo е интензивно морско толкување на Acqua di Giò. Повеќе од мирис, Aqua di Giò Profondo е волшебно длабоко нуркање во длабочината на душата, прифаќајки ги вредностите на слободата, сензорноста и модерната мажественост, откривајќи уште подлабока димензија. Создаден од легендарниот парфимер Alberto Morillas, промовиран во 2020 година, Acqua di Giò Profondo е капсулиран во амблематско стаклено шише во елегантно, длабоко и темносино издание, одекнувајќи ги морските тонови што ги зафаќа. "Сина, како густа сенка што изразува сензуалност. Во своите различни нијанси, тоа е течна боја што дава чувство на флуидност и рафинирана елеганција" - вели Giorgio Armani.

    од: ден 5.690,00

    Преглед
  • ARMANI Acqua di Gio Profumo

    Armani го претставува Acqua di Gio Profumo скоро 20 години по популарниот воден мирис Acqua di Gio. Acqua di Gio Profumo е елегантна, прозрачна и интензивна верзија, а неговиот мирис симболизира спој на морските бранови и црните карпи.

    од: ден 5.220,00

    Преглед
  • ARMANI Stronger With You Gift Set EDT 50 ml + Shower Gel 75 ml + miniature 7 ml

    Армани го најавува мирисниот пар, машкиот Stronger With You и женскиот Because It's You, како нов столб на линијата Emporio Armani, кој и требало да претставува "мирисно олицетворение на автентична современа љубов".

    ден 4.130,00
    Преглед
  • CAROLINA HERRERA 212 VIP Black Extra EDP

    212 VIP Black Extra е најавен како интензивен и огнен мирис за вечерни излегувања. Мирисните ноти на рум, кола и цитрус, совршено се спојуваат во комбинација со сензуалните ноти на какао и мошус.

    од: ден 4.600,00

    Преглед
  • CHANEL Allure Homme Sport EDT

    После 5 години од лансирање на Allure Homme, Chanel го претставува Allure Homme Sport кој е посвеж и поостар. Живописен, енергичен мирис кој се шири со интензивни ноти на свежина и сензуалност. Наменет за мажи кои го живеат својот живот со стил. Дизајнер на мирисот е познатиот парфимер на Chanel - Jacques Polge. Парфемот е направен во 2004 година.

    од: ден 5.900,00

    Преглед
  • CHANEL Bleu de Chanel EDT

    Bleu de Chanel е интензивен, моќен, сензуален и префинет мирис чија провокативна мешавина на состојки ги ослободува сетилата на одлучниот маж. Презентиран е во 2010 година, а позади мирисот стои Jacques Polge.

    од: ден 5.200,00

    Преглед
  • DIOR Dune Pour Homme EDT

    Модерен и оригинален мирис со свежи, дрвенести и морски ноти. Мирис за романтични мажи кои живеат во склад со природата. Во високите ноти се листови од смоква и босилек, листови од црна рибизла и сицилијанска мандарина. Претставен е во 1997 година, а креиран е од Olivier Cresp и Jean Pierre Bethouart.

    од: ден 4.950,00

    Преглед
  • DIOR Fahrenheit Cologne EDC

    Fahrenheit Cologne на Christian Dior е дрвенест, свеж и зачинет мирис за мажи, лансиран во 2015 година. Fahrenheit Cologne е креација на парфимерот Francois Demachy. DIOR Fahrenheit Cologne претставува совршен баланс кој прави изненадувачки пресврт во комбинацијата на сочни овошни ноти и свежи зачини, без притоа да го изгуби шармот од легендарниот Fahrenheit потпис.

    од: ден 5.720,00

    Преглед
  • DIOR Fahrenheit EDT

    DIOR Fahrenheit EDT е дрвенесто цветен мошус мирис за мажи, лансиран во 1988 година. Креација е на парфимерите Jean-Louis Sieuzac и Michel Almairac. Уникатен и контрастен потпис, со моќна заносна трага. Свежите сицилијански мандарински ноти и изненадувачката комбинација на состојки му даваат кративност, различност и карактер на потписот на Fahrenheit - за мажи кои сакаат љубов и слобода.

    од: ден 4.430,00

    Преглед
  • DIOR Homme Cologne EDC

    Dior Homme Cologne е најавен како едноставен, природен и софистициран. Во составот има цитрусни, цветни и мошусни акорди. Francois Demachy ја формулира композицијата со скапоцени суровини од калабриски бергамот, италијански грејпфрут и сензуален мошус. Мирисот дава чувство на чисто и свежо.

    од: ден 4.750,00

    Преглед
  • Dior Homme Intense EDP

    Dior Homme Intense 2011 од Christian Dior е дрвенесто-цветен мирис со мошус за мажи. Опишан е како софистициран и моќен парфем. Лансиран е во 2011, а позади него стои парфимерот Francois Demachy.

    од: ден 5.110,00

    Преглед
  • DIOR Homme Sport 2017 EDT

    Првата верзија на Dior Homme Sport се појавува во 2008. Реформулиран во 2012, поелегантна и пудреста верзија, заменета е со ново издание во 2017. Dior Homme Sport е мирис на урбаност, софистицираност и секси ноншалантност, предводен од идеата за брз и динамичен lifestyle. Francois Demachy ги креира сите претходни верзии на овој мирис. Оваа верзија е создадена со додаток на "екстремни" овошја, "екплозивни" ноти, зачини, билки и дрва. Цитрусни акорди од лимон, црвен портокал и грејпфрут ја отвораат композицијата. Зачинестото срце содржи ноти на розев бибер и мускатов орев. Основата е дрвенеста, сандаловина и ветивер.

    од: ден 4.900,00

    Преглед
  • Dior Sauvage EDT

    Dior го претставува новиот машки мирис Sauvage, чие име влече потекло од мирисот Eau Sauvage од 1966 година, иако не припаѓа на истата таа колекција. Dior Sauvage е инспирација од дивината, отворените простори, синото небо што ги покрива карпестите пределски пејсажи и топлината под пустинското сонце. Парфимерот на Dior, Francois Demachy го потпишува и ова издание. Мирисот е најавен како радикално свеж, сиров и племенит во исто време. Во композицијата преовладуваат внимателно одбрани природни состојки. Лансиран е во септември 2015 година, а го рекламира актерот Johnny Depp.

    од: ден 4.550,00

    Преглед
  • DOLCE GABBANA Velvet Bergamot EDP

    Velvet Bergamot е цитрусен и ароматичен мирис за мажи, претставен во 2014 година. Во горните ноти се цвет од портокал и бергамот, во средните мускатна жалфија, а во основата ветивер.

    од: ден 4.950,00

    Преглед
  • HERMES Terre d'Hermes EDT

    Terre d'Hermes е елегантен мирис за мажи кој претставува хармонија на елементите - воздух и земја. Креиран е со класично машко трио: цитрус, дрво и мошус. Создаден е во 2006 година од Jean-Claude Ellena.

    од: ден 4.050,00

    Преглед
  • HERMES Terre D'Hermes Pure Parfum

    Terre d'Hermes е елегантен мирис за мажи кој претставува хармонија на елементите - воздух и земја. Креиран е со класично машко трио: цитрус, дрво и мошус. Создаден е во 2006 година од Jean-Claude Ellena.

    од: ден 5.550,00

    Преглед
  • HUGO BOSS The Scent Gift Set EDT 100 ml + After Shave 75 ml

    Hugo Boss го претставува машкиот Boss The Scent во 2015 година. Композицијата започнува со зачинска нота на ѓумбир. Овошните тонови се мешаат со нотите на лаванда во срцето за да создадат сензуален мирис. Интензивниот акорд на кожа ја создава основата и симболизира магнетно привлечна маженственост.

    ден 4.250,00
    Преглед
  • PACO RABANNE 1 Million Prive EDT

    Мирисниот пар 1 Million Privé и Lady Million Privé се појавуваат во лето, 2016 година. 1 Million Privé е ориентално-дрвенест мирис полн со контрасти, креиран од Christophe Raynaud. Отвора со црвена мандарина и цимет, состојки кои го одбележаат оригиналниот 1 Million. Во срцето има ноти на тутун збогатени со смола. Во основата има топол и сензуален спој на пачули и тонка.

    од: ден 4.200,00

    Преглед