Acqua di Gio Absolu е нова креација во Acqua di Gio линијата, дело на врвниот парфимер Alberto Morillas. Мирисот е најавен како нова сензуалност на колекцијата која со микс од морски ароми и пачули настапува софистицирано и мажествено. Absolu отвара ново поглавје на Acqua di Gio приказната која го истакнува сојузот помеѓу човекот и природата и ги ослободува неговата внатрешна сила и слобода.
од: ден 5.220,00
Acqua di Gio беше промовиран во 1996 година и оттогаш бележи огромен успех. Armani го објави издавањето на новата верзија Acqua di gio Еssenza, концентрирана како Eau de Parfum. Новaта верзија е безвременска и интензивна реинтерпретација на оригиналот. Опишан како интензивен и сензуален, парфемот е помалку фокусиран на морски, а повеќе на дрвени и килибарни ноти. Креатор на парфемот е повторно Alberto Morillas.
од: ден 4.400,00
Инспириран од убавините на Пантелерија каде што го поминал својот одмор, Армани ги создал женската и машка арома Acqua di Gio. Машкиот мирис е мирис на слобода, полн со ветар и вода, во перфектна комбинација со солените ноти на морската вода и нијанса сончева топлина која ја грее кожата. Креиран е од Alberto Morillas во 1996 година.
од: ден 2.650,00
Acqua di Giò Profondo е интензивно морско толкување на Acqua di Giò. Повеќе од мирис, Aqua di Giò Profondo е волшебно длабоко нуркање во длабочината на душата, прифаќајки ги вредностите на слободата, сензорноста и модерната мажественост, откривајќи уште подлабока димензија. Создаден од легендарниот парфимер Alberto Morillas, промовиран во 2020 година, Acqua di Giò Profondo е капсулиран во амблематско стаклено шише во елегантно, длабоко и темносино издание, одекнувајќи ги морските тонови што ги зафаќа. "Сина, како густа сенка што изразува сензуалност. Во своите различни нијанси, тоа е течна боја што дава чувство на флуидност и рафинирана елеганција" - вели Giorgio Armani.
од: ден 5.690,00
Armani го претставува Acqua di Gio Profumo скоро 20 години по популарниот воден мирис Acqua di Gio. Acqua di Gio Profumo е елегантна, прозрачна и интензивна верзија, а неговиот мирис симболизира спој на морските бранови и црните карпи.
од: ден 5.220,00
Acqua di Gioia е мирис презентиран уште од март 2010 година. Заводливите ароми на морето се ставени во прв план, кои се всушност и инспирација за креаторите. Составот на парфемот се споредува со жена која е со силен, достоинствен и слободен дух, но, истовремено и во совршена хармонија со природата. Инспириран од неколку летни одмори поминати на островите Пантелерија и Антигва, каде Армани има свои вили, мирисот го водеше до идејата за бегство во природа, небесно место за вистински одмор каде ја враќа енергијата неопходна на телото и душата, и каде создаваме природна рамнотежа. Парфемот е создаден од страна на тројца парфемери Лок Донг, Ана Флипо и Доминик Ропион.
од: ден 3.500,00
Армани во 2017 година го најави новиот пар парфеми, машка и женска верзија, кој е всушност новиот столб на линијата од Емпорио Армани. Истата таа линија на парфеми ја претставува "Модерната љубовна приказна на денешницата". Женската верзија Because It's You и машката Stronger with You се достапни на пазарот од јуни 2017 година. Anne Flipo стои позади оваа приказна.
од: ден 4.350,00
Armani Code е ориентален, зачиснест мирис за мажи. Креиран во 2004 од Antoine Lie, Antoine Maisondieu и Clement Gavarry. Горните ноти се бергамот и лимон, во средината анасон, маслинов цвет и дрвенести ноти. Во основата се фино обработена кожа, тутун и сирово дрво.
од: ден 2.580,00
Парфемот е креиран од Thierry Wasser во 2007 година, а мирисот се класифицира како гурмански-цветен. Горните ноти се личи и малина, во средината се фрезија и момина солза, а во основата ветивер, дрво кедар, пачули и ванила. ПР тимот на Emporio Armani изјави: Ја користиме розата, но на многу гурмански начин, како цвет кој може да се изеде.
од: ден 4.430,00
Emporio He е сензуален и дрвенест ароматичен мирис, инспириран од современата мажественост. Се појавува како славеничко и лимитирано издание на 10 годишнината од постоењето на Emporio парфемите. На пазарот се појавува во мај 2008 година.
од: ден 2.200,00
Emporio She е ориентален парфем за жени, доста модерен со нагласени цветни ноти. Се појавува како славеничко и лимитирано издание на 10 годишнината од постоењето на Emporio парфемите. На пазарот се појавува во мај 2008 година.
од: ден 2.170,00
Emporio Armani In Love With You е нова верзија на Because It's You. Замислен е како мирис на љубовта, возбуда и адреналин. Создаден е од деликатни овошни и цветни тонови. Композицијата се отвора со зрели бобинки, во срцето се развива со роза и горчлив пелин.
од: ден 4.060,00
Si е креиран од Christine Nagel во 2013 година. Заштитно лице на парфемот е австалиската актерка Cate Blanchett. Во горните ноти се наоѓаат лист од црна рибизла, во средината бела фрезија и мајска роза, а во основа ванила, пачули и дрвенести ноти.
од: ден 4.690,00
Si е креиран од Christine Nagel во 2013 година. Заштитно лице на парфемот е австалиската актерка Cate Blanchett. Во горните ноти се наоѓаат лист од црна рибизла, во средината бела фрезија и мајска роза, а во основа ванила, пачули и дрвенести ноти.
од: ден 4.360,00
Армани го најавува мирисниот пар, машкиот Stronger With You и женскиот Because It's You, како нов столб на линијата Emporio Armani, кој и требало да претставува "мирисно олицетворение на автентична современа љубов".
од: ден 3.990,00
Армани го најавува мирисниот пар, машкиот Stronger With You и женскиот Because It's You, како нов столб на линијата Emporio Armani, кој и требало да претставува "мирисно олицетворение на автентична современа љубов".
Emporio Armani Stronger With You Intensely од Giorgio Armani е нов, ориентално-цветен мирис со fougere акцент, претставен во 2019 година. Мирис кој раскажува приказна за возбуденоста на новата и млада љубов.
од: ден 4.150,00