Aqva Amara е новата верзија на машкиот мирис кој претставува нов пресврт во создавањето на "водени" парфеми. Парфимерот Jacques Cavalier ја збогатил композицијата со благородни состојки, со што го направи истиот повеќе луксузен, притоа обидувајќи се да го зачува карактеристичниот воден и медитерански карактер. Aqva Amara, или како што се нарекува "Горчлива вода" е мирис исполнет со енергија кој е претставен во 2014 година.
од: ден 3.100,00
Aqva Divina е првиот женски мирис од колекцијата Bvlgari Aqva, која до февруари 2015 година вклучуваше само машки мириси. BVLGARI Aqva Divina е инспириран од сликата на познатиот Ботичели "Раѓањето на Венера". Мирисот е најавен како светлост и сензуалност.
од: ден 2.640,00
Aqva Pour Homme е енергичен, воден машки мирис со освежителни морски ноти. Почнува со свежи ноти на петитгреин, есенцијални масла од листови и гранки од портокал. Во срцето на мирисот се наоѓа морска трева Posidonia oceanica. Основата е истакнато маженствена, благодарение на минералниот килибар и дрвените ноти. Креатор на мирисот е Jacques Cavallier. Направен е во 2005 година.
од: ден 2.990,00
Bvlgari Aqua Pour Homme Marine е претставен во 2008 година, а го креираше Jacques Cavallier, креаторот на оригиналниот Aqua Pour Homme мирис. Инспирација му била природната свежина и сила на океанот.
од: ден 3.130,00
Ориентална композиција - цветна, со акцент на мошус. Креиран од Alberto Morillas.
од: ден 3.850,00
Ориентална композиција - цветна, со акцент на мошус. Креиран од Alberto Morillas.
Bvlgari го претставува Jasmin Noir во 2008 година во мистериозно темно шише и мирис кој ги привлекува љубителите на дрвено-цветните композиции. Парфемот е создаден во дуалистички контраст на машки и женски ноти со јасмин како главна состојка.
од: ден 3.100,00
Man in Black е харизматичен мирис инспириран од митот за раѓањето на Вулкан, богот на огинот, интерпретиран на начин кој му прилега на модерниот маж. Креиран е во 2014 од Alberto Morillas.
од: ден 2.640,00
Модната куќа BVLGARI го лансира новиот парфем Man Wood Essence во јули 2018 година, како дел на колекцијата BVLGARI Man за која е заслужен парфимерот Albberto Morillas. Филозофијата на овој парфем се однесува на балансот помеѓу урбаниот живот на современиот маж и повикот на природата. Композицијата на парфемот е комбинација од дрвенести ноти- кора од дрва, смола и есенцијални зачинети ноти. Заштитно лице на парфемот е канадскиот модел и глумец Nick Bateman.
од: ден 3.450,00
BVLGARI го претстави BVLGARI Man Wood Neroli во летото 2019 година, како нова линија на Bvlgari Men парфемите, година подоцна од успешното пласирање на BVLGARI Man Wood Essence. Со цел да се задржи мирисот кој вклучува и дрвени и нежни ноти, Alberto Morillas има за цел да го додаде моментот кога сонцето го огрева медитеранското дрво со портокал. Новиот мирис ја доловува оваа атмосфера, со ноти кои вклучуваат цвеќиња, лисја и гранки од горчливото дрво со портокал.
од: ден 3.580,00
Mon Jasmin Noir L'Eau Excuise од Bvlgari е ново издание на парфемот Mon Jasmin Noir и е претставен во 2012 година, креација на парфимерката Sophie Labbe. Мирисот е свеж, прозрачен, чии состојки го прават совршен за пролетно време.
од: ден 5.320,00
Omnia Coral е претставен во 2012 година како пролетен мирис. Коралната боја најавува весела и нежна композиција сочинета од бергамот, гоџи, хибискус, калинка, мошус и кедар. Мирисот е креиран од Alberto Morillas.
од: ден 2.950,00
Omnia Crystalline е инспириран од совршеноста на кристалот. Нежна како допир од цветни латици. Во високите ноти е прозрачниот бамбус и егзотичното азиско овошје наши, кое поседува оригинален свеж мирис со ноти на јаболко и крушка. Во средината е расцветан нежен и женствен лотус. Во основата има елегантни дрвени ноти. Креатор на парфемот е Alberto Morillas во 2005 година.
од: ден 2.930,00
Интензивна верзија на тоалетната вода Crystalline, претставена во 2013 година, креирана од Alberto Morillas. Замислена како најженствената Omnia до сега, истакнато секси, но не и вулгарна. Отвораат нотите на лотос кој претставува чистина во Азија и сочна мандарина која со своите слатко-свежи капки ги оплеменува грациозните латици. Во срцето има комбинација од корен од ирис и ванила.
од: ден 2.990,00
Omnia Golden Citrine е нов, ориентално-цветен мирис за жени. Претставен е во 2020, креиран од Alberto Morillas. Горните ноти се бела праска и сицилијанска мандарина, средните Ylang-Ylang и јасмин, а основните бензоин и кедар.
од: ден 4.050,00
Ново издание од серијата Omnia е претставено во 2015 година од Alberto Morillas. Paraiba е инспирирана од бразилскиот полудраг камен Paraiba Tourmaline, познат по својата сино-зелена боја. Мирисот е егзотичен, цветно-овошен и дрвенест.
од: ден 2.500,00
Splendida Jasmin Noir од Bvlgari е цветен мирис за жени, претставен во 2017 година. Парфемот е креација на парфимерката Sophie Labbe. Со колекцијата Splendida, Bvlgari ги сублимира најскапоцените аспекти на драгоцените кодови во природата, преточувајќи ги во мирис со чисти и раскошни ноти.
од: ден 3.980,00