Парфем за млади, замислен како мирисот на Њујорк. Дизајнот на шишето е современ, градски, харизматичен и уникатен како градот Њујорк. Во горните ноти се наоѓа цвет од портокал, мандарина и бергамот. Во срцето бело цвеќе, а базата ја сочинуваат дрвенести ноти и мошус. Креиран е од Alberto Morillas, претставен во 1997 година.
од: ден 2.100,00
Парфем за млади, замислен како мирисот на Њујорк. Дизајнот на шишето е современ, градски, харизматичен и уникатен како градот Њујорк. Во горните ноти има цитруси, свежо искосена трева и зачини. Средните ноти се цветни и зелени: ѓумбир, зелен бибер и гарденија. Во основата се дрвенестите ноти, темјан и мошус. Претставен е во 1999 година, креиран од Alberto Morillas, Rosendo Mateu и Ann Gottlieb.
од: ден 3.500,00
212 Sexy е мирис на сензибилна женственост, шармантен, возбудлив и неодолив. Шишето симболизира хармонија на одлучни страсти и нежност. Во високите ноти се свежината на бергамотот и топлината на црвениот бибер. Во срцето, нежна гарденија и остар гераниум. Основата е длабока и блага, ја сочинуваат карамела, ванила, двенести ноти и мошус. Претставен е во 2004 година.
од: ден 3.310,00
Атрактивен, софистициран, мистериозен, но пред се, секси! Инспирација за овој свеж и ориентален мирис за млади, урбани мажи, Carolina Herrera го пронаоѓа во единствениот животен стил на Њујорк. Композицијата ја отвораат свежи цитруси: бергамот, мандарина и зелени листови. Во средината се топлите кардамон, бибер и цветни латици. Во основа има дрвенести ноти, мошус и килибар. Креиран од Alberto Morillas и Rosendo Mateu, претставен во 2006 година.
од: ден 3.020,00
212 VIP Black Extra е најавен како интензивен и огнен мирис за вечерни излегувања. Мирисните ноти на рум, кола и цитрус, совршено се спојуваат во комбинација со сензуалните ноти на какао и мошус.
од: ден 4.600,00
Carolina Herrera го претставува 212 VIP Black во летото 2017 година како ново машко издание од колекцијата 212 VIP. Ова ново издание се фокусира на мирисна нота од абсент. Интензивен, вечерен мирис со ароматичен fougère карактер. Композициите се креирани од парфимерите Carlos Benaim и Anne Flipo. Лица на рекламната кампања се Cameron Dallas, заедно со Taylor Hill и Hailey Baldwin.
од: ден 3.700,00
Carolina Herrera 212 VIP е претставен во 2010 година, опкружен со слоганите "Дали си на листа?" и "Ова е приватна забава!". 212 VIP го претставува животниот стил на "висока нога". Инспирација била њујоршката младина, модерни и креативни луѓе секогаш спремни за забава.
од: ден 3.320,00
По женскиот 212 VIP во 2010 година, Carolina Herrera го лансира и машкото издание. Воден од истиот стил со слоганите "Дали си на листа?" и "Ова е приватна забава!". 212 VIP го претставува животниот стил на "висока нога". Инспирација била њујоршката младина, модерни и креативни луѓе секогаш спремни за забава. Претставен во 2011 година, креиран од Emilie (Bevierre) Coppermann и Lucas Sieuzac.
По женскиот 212 VIP во 2010 година, Carolina Herrera го лансира и машкото издание. Воден од истиот стил со слоганите "Дали си на листа?" и "Ова е приватна забава!". 212 VIP го претставува животниот стил на "висока нога". Инспирација била њујоршката младина, модерни и креативни луѓе секогаш спремни за забава. Претставен во 2011 година, креиран од Emilie (Bevierre) Coppermann и Lucas Sieuzac.
од: ден 2.950,00
Carolina Herrera го лансира новиот мирис 212 VIP Rosé од колекцијата 212 кој претставува продолжение на 212 VIP верзијата од 2010 година. Мирисот е замислено да го претстави гламурот, елеганцијата и атмосферата на најпрестижните њујоршки забави. Композицијата е опишана како свежа, сензуална и женствена. Лице на новата кампања е моделот Gisele Bündchen. 212 VIP Rosé е претставен 2014 година, а креиран е од Lucas Sieuzac.
од: ден 3.650,00
Bad Boy е ориентален, зачинест мирис за мажи, претставен во 2019 година. Парфем со впечатливи карактеристични ноти на бергамот, црн и бел бибер, кедар и жалфија. Креација е на Quentin Bisch и Lousie Turner.
од: ден 3.900,00
CH е цветен, со свеж почеток и ориентален завршеток. Направен е во 2007година, а позади него стојат Olivier Cresp, Rosendo Mateu и ќерката на основачот, Carolina Adriana Herrera.
од: ден 2.700,00
Carolina Herrera го најави премиерното издание на новиот женски мирис на пазарот, во септември 2016 година. Секси-ориентален, ироничнo именуван Good Girl, кој порачува #goodtobebad. Најавен е како иновативна и опојна комбинација со двоен карактер. Заштитно лице на парфемот е манекенката Karlie Kloss.
од: ден 4.510,00
Во февруари 2018 година, Carolina Herrera го претставува Good Girl Legere EDP, новото издание на парфемот Good Girl EDP од 2016 година. Полесен и помек од оригиналниот мирис, но повторно ја толкува суштината на модерната фатална жена- моќна, смела, страстна, сензуална и мистериозниот дуален карактер. Парфемот е креација на Louise Turner.
од: ден 4.600,00