Машки мирис на дизајнерската куќа Davidoff, кој плени со авантуристички предизвик наречен Davidoff Adventure, се појавува на пазарот во февруари 2008 година. Заштитно лице е познатиот актер и вистински авантурист - Ewan McGregor, познат по улогите во Trainspotting, Star Wars, Moulin Rouge, Down with Love. Тој изјавува дека она што ја прати рекламната кампања, како и самиот дух на мирисот, има голема поврзаност со него како личност, неговиот дух и темперамент, како и моторциклизмот како негова најголема авантуристичка страст. Мирисот е дрвенесто-зачинет, а е креација на парфимерот Antoine Lie, од дизајнерската куќа Givaudan, инспириран од нескротливата природа, нејзината свежина и сочните-дрвенести доживувања.
од: ден 2.210,00
Champion на Davidoff е претставен во 2010 година како машки, дрвенесто-ароматичен мирис, креација на парфимерот Aurelien Guichard. Дизајнот на парфемот претставува симбол на маженственост, енергија и сила, комбиниран со метална сребрена боја и темно стакло, брусен и дизајниран со асоцијација на спортски активности.
од: ден 2.350,00
Cool Water е ароматичен, воденест мирис за мажи. Освежувачки остар мирис, едноставен и доста мажествен, претставен во 1988 година, креација на парфимерот Pierre Bourdon.
од: ден 2.420,00
Инспириран од силата на океанот, овој иконски машки мирис им го дава на мажите она витално чувство на силна свежина, повеќе од 25 година. Со својата пенлива морска живост, овој легендарен мирис е приказна за човек кој се впушта во прекрасно нуркање и се појавува повторно енергичен. Формулацијата на Davidoff Cool Water The coolest Edition е дело на парфимерот Antoine Lie, кој на почеток го истакнува изливот на свежина и енергија со нота на пеперминт, додека светните и зачинети ноти создаваат машки елемент во срцевината. Последната патека на ноти ја покажува машката сексипилност.
од: ден 3.080,00
The Briliant Game од Davidoff е ориентален-дрвенест мирис за мажи, претставен во 2014 година. Davidoff го лансира The Game во 2012 година, инспириран од игрите на среќа, со дизајн на шишето кој потсетува на жетоните за покер. The Game Intense е претставен година дена подоцна. Во зимата, 2014 година колекцијата добива нов член со нов мирис - The Briliant Game. Најавен е како жежок и опоен мирис за харизматични мажи. Парфемот е креација на парфимерот Jacques Huclier.
од: ден 2.200,00
Zino Davidoff е претставен во 1986 година. Класичен, импресивен, безвременски, ориентално-дрвенест мирис, кој е безкомпромисно маженствен. Совршена опција за вечерно излегување. Парфемот е креација на Michel Almairac.
од: ден 2.200,00