Ориентален мирис со цветни ноти. Богат и сензуален мирис кој охрабрува за смели и директни постапки. Прави да се чувствувате слободни и енергични. Парфемот е создаден во 2002 година, од страна на Thierry Wasser.
од: ден 5.290,00
Сладок ориентален мирис со зачинета дрвена основа. Оваа тоалетна вода на радост и среќа нè потсетува на топлите и сончеви летни денови - мирисот на лесното живеење. Оваа "слатка" класика на Диор е создадена од Pierre Bourdon и Maurice Roger во 1994 година.
од: ден 6.660,00
Модерен и оригинален мирис со свежи, дрвенести и морски ноти. Мирис за романтични мажи кои живеат во склад со природата. Во високите ноти се листови од смоква и босилек, листови од црна рибизла и сицилијанска мандарина. Претставен е во 1997 година, а креиран е од Olivier Cresp и Jean Pierre Bethouart.
од: ден 4.950,00
Fahrenheit Cologne на Christian Dior е дрвенест, свеж и зачинет мирис за мажи, лансиран во 2015 година. Fahrenheit Cologne е креација на парфимерот Francois Demachy. DIOR Fahrenheit Cologne претставува совршен баланс кој прави изненадувачки пресврт во комбинацијата на сочни овошни ноти и свежи зачини, без притоа да го изгуби шармот од легендарниот Fahrenheit потпис.
од: ден 5.720,00
DIOR Fahrenheit EDT е дрвенесто цветен мошус мирис за мажи, лансиран во 1988 година. Креација е на парфимерите Jean-Louis Sieuzac и Michel Almairac. Уникатен и контрастен потпис, со моќна заносна трага. Свежите сицилијански мандарински ноти и изненадувачката комбинација на состојки му даваат кративност, различност и карактер на потписот на Fahrenheit - за мажи кои сакаат љубов и слобода.
од: ден 4.430,00
Dior Homme Cologne е најавен како едноставен, природен и софистициран. Во составот има цитрусни, цветни и мошусни акорди. Francois Demachy ја формулира композицијата со скапоцени суровини од калабриски бергамот, италијански грејпфрут и сензуален мошус. Мирисот дава чувство на чисто и свежо.
од: ден 4.750,00
Dior Homme Intense 2011 од Christian Dior е дрвенесто-цветен мирис со мошус за мажи. Опишан е како софистициран и моќен парфем. Лансиран е во 2011, а позади него стои парфимерот Francois Demachy.
од: ден 5.110,00
Првата верзија на Dior Homme Sport се појавува во 2008. Реформулиран во 2012, поелегантна и пудреста верзија, заменета е со ново издание во 2017. Dior Homme Sport е мирис на урбаност, софистицираност и секси ноншалантност, предводен од идеата за брз и динамичен lifestyle. Francois Demachy ги креира сите претходни верзии на овој мирис. Оваа верзија е создадена со додаток на "екстремни" овошја, "екплозивни" ноти, зачини, билки и дрва. Цитрусни акорди од лимон, црвен портокал и грејпфрут ја отвораат композицијата. Зачинестото срце содржи ноти на розев бибер и мускатов орев. Основата е дрвенеста, сандаловина и ветивер.
од: ден 4.900,00
J'adore е модерен, гламурозен мирис, кој стана неверојатно популарен и од таа причина се разви во голем број варијанти со различна концентрација. Неговиот раскошен, златен мирис, трепери на кожата како сончев зрак. Класиката и амбицијата на овој мирис се рефлектираат и во формата на шишето, кое наликува на грчка амфора. J'adore претставува нов зачеток на женственоста на Dior, мирис толку нов и исто толку во стилот на Диор - сладок, но остар. Креиран е во 1999 година од страна на парфимерот Calice Becker.
од: ден 5.560,00
J'adore е модерен, гламурозен мирис, кој стана неверојатно популарен и од таа причина се разви во голем број варијанти со различна концентрација. Неговиот раскошен, златен мирис, трепери на кожата како сончев зрак. Класиката и амбицијата на овој мирис се рефлектираат и во формата на шишето, кое наликува на грчка амфора. J'adore претставува нов зачеток на женственоста на Dior, мирис толку нов и исто толку во стилот на Диор - сладок, но остар. Креиран е во 1999 година од страна на парфимерот Calice Becker.
од: ден 4.910,00
Joy by Dior беше лансиран кон крајот на август 2018 година како ода на задоволствата и на животот. Замислен е како мирис на енергија, живост и нежност, среќа и добро расположение. Тоа е мирис осветлен од живата насмевка на цвеќињата и агрумите, нежните галења на шумите и спокојството на мошусите; мирис со илјада нијанси и аспекти, но сепак кристално чист. Парфимерот од Диор, Francois Demachy, изјавува дека Joy by Dior изразува специфично чувство на радост изразено преку мирисна интерпретација на светлината. Направен е од неколку нијанси кои заедно формираат кристално чиста мирисна експресија. Шишето е со едноставна форма, кристално и нежно розово, кое наликува на скапоцен камен. Заштитно лице на рекламната кампања е актерката Jennifer Lawrence.
од: ден 5.320,00
Dior го претставува својот нов мирис Miss Dior Absolutely Blooming од познатата колекција Miss Dior во август 2016 година. Парфимерот Francois Demachy го најави како издание што отвора со светли овошни ноти, наменет за весели жени кои го сакаат животот. Miss Dior Absolutely Blooming е нова мирисна варијанта на Miss Dior Blooming Bouquet, дизајниранa во форма на посекси, постраствен и помодерен мирис. Жешката розова боја на течноста одговара на вкусниот цветен карактер на парфемот."
од: ден 6.390,00
Новото издание на Miss Dior Eau de Parfum излезе во септември 2017 година, создадено e од парфимерот на Dior, Francois Demachy. Лице на рекламната кампања е актерката Natalie Portman. Мирисот се рекламира со пароли како „Miss Dior за љубов“, „Dior за љубов“ и „А што е со тебе? Што би направил ти за љубовта?“. Композицијата е најавена како елегантно цветна, со доминантни ноти на посебни рози.
од: ден 5.480,00
Pure Poison е парфем од колекцијата Poison на Dior направен во 2004 година. Самото име го означува мирисот чии ноти маѓепсуваат и додаваат на јачина и моќ. Овој парфем воодушевува со микс на композиции и неверојатна хармонија. Почетните ноти даваат свежина, а потоа преовладува интоксикација и еротика на сетила. Креатори на DIOR Pure Poison се Carlos Benaim, Dominique Ropion и Olivier Polge.
од: ден 4.950,00
Dior го претставува новиот машки мирис Sauvage, чие име влече потекло од мирисот Eau Sauvage од 1966 година, иако не припаѓа на истата таа колекција. Dior Sauvage е инспирација од дивината, отворените простори, синото небо што ги покрива карпестите пределски пејсажи и топлината под пустинското сонце. Парфимерот на Dior, Francois Demachy го потпишува и ова издание. Мирисот е најавен како радикално свеж, сиров и племенит во исто време. Во композицијата преовладуваат внимателно одбрани природни состојки. Лансиран е во септември 2015 година, а го рекламира актерот Johnny Depp.
од: ден 4.550,00