L'Imperatrice 3 е дел од антологијата на Dolce & Gabbana со карактеристични ароми на лубеница, киви, розев бибер и мошус.
од: ден 2.690,00
K by Dolce Gabbana EDT е мирис кој ја доловува суштината на мажот. Тој е крал на своето секојдневие. Тој го следи својот пат, негувајќи го своето семејство и најблиските пред сè. Шармантен и не плашејќи се да ја покаже својата виталност, тој останува верен на своите корени, почитувајќи ја традицијата, а притоа прифаќајќи ја модерноста.
од: ден 3.550,00
Light Blue Eau Intense има намален интензитет на цитруси и засилени цветни ноти во својата композиција. На врвот се лимонот и јаболкото, во срцето невен и јасмин, а во основата килибар и мошус.
од: ден 3.260,00
Light Blue Eau Intense pour Homme од дизајнерската куќа на Dolce & Gabbana е дрвенесто-воден мирис за мажи, претставен во 2017 година. Парфемот е креација на парфимерот Alberto Morillas.
од: ден 3.170,00
D&G Light Blue е лежерен, цветно-овошен мирис на сицилијанското лето. Сочни и влажни ноти на лимета и чемпрес, создаваат асоцијација за јужните шуми и морскиот брег. Популарен летен мирис, претставен во 2001 година, дизајниран од Olivier Cresp.
од: ден 3.070,00
Шест години по суперпопуларниот женски Light Blue, D&G ја лансираат и машката верзија. Light Blue Pour Homme е свеж цитрусен медитерански мирис. Во високите ноти има мандарина, грејпфрут, бергамот и смрека. Ароматичното срце го сочинуваат трева и благи зачини (рузмарин, бибер и дрво од роза), а сензуалната основа мошус, темјан и дрвенести ноти. Претставен во 2007 година.
од: ден 2.710,00
DOLCE GABBANA Pour Homme е класичен машки мирис. Лежерен и треваст, но доста маженствен. Отвораат високите енергични и свежи цитрусни ноти: бергамот, мандарина, портикал и лимон. Следи ароматичното срце кое ја соединува луткасто-цветната свежина на лаванда, жалфија, интензивниот и моќен кардамон и дрскиот бибер. Основата е топла, содржи дрвенести ноти и мошус. Претставен е 2004 година.
од: ден 3.530,00
The One на Dolce&Gabbana е ориентален, цветен мирис за жени, претставен во 2006 година, креација на парфимерката Christine Nagel. По замисла на дизајнерот, The One е мирис за жена која веднаш привлекува внимание не само со својот изглед, туку и со својот став и внатрешен свет. Парфем со карактер, посебен и привлечен. Ориенталната цветно-овошна композиција на ноти е многу топла, сензибилна, со траг од пудреста ванила. Бојата на парфемот идеално одговара и на звучноста - The One.
од: ден 3.290,00
Dolce & Gabbana го лансираа The One for Men во 2008 година како мирис што требаше да стане машка класика. Во 2015 година, The One for Men Eau de Parfum се појавува како збогатена, поинтензивна верзија на мирисот. Елегантните горнни ноти на коријандер, босилек и грејпфрут водат кон срцето каде што има топла мешавина од ѓумбир, цвет од портокал и кардамон. Тутунот, сензуалниот килибар и кедрот оставаат свој белег во основата на парфемот.
од: ден 3.890,00
Веднаш после успешниот женски парфем The One, дизајнерската куќа Dolce&Gabbana на почетокот на месец март, 2008 година, го лансира и машкото издание, таканаречено The One for Men. Идејата која Stefano Gabbana сакал да ја испрати во врска со овој парфем е од него да направи UOMO, машки парфем, класичен, но не банално класичен туку машка класика која ќе трае со години, и ќе биде парфем кој жените ќе го обожаваат. Нотите кои овој парфем ги поседува, се по вкус на креаторот Gabbana, дрвенесто, зачинето-ориентална композиција. Парфемот е направен во соработка со P&G Prestige Product и International Flavours & fragrances Inc.(IFF). Дизајнерите одлучиле парфемот да го рекламира најсексипилниот маж на светот- Matthew McConaughey. Парфемот е креација на парфимерот Olivier Polge.
од: ден 3.290,00
The Only One 2 е второ поглавје од приказната на The Only One. Со ноти на црвени рози во своето срце, овој мирис ја слави единствената жена - силна и неодолива. Таа останува повеќе од кога и да е во центарот на вниманието. Уникатна, волшебна и привлечна, таа знае што сака и знае како да го добие тоа.
од: ден 4.660,00
Velvet Bergamot е цитрусен и ароматичен мирис за мажи, претставен во 2014 година. Во горните ноти се цвет од портокал и бергамот, во средните мускатна жалфија, а во основата ветивер.
од: ден 4.950,00
Dolce & Gabbana го претставуваат дрвено-ориенталниот мирис Velvet Incenso во 2018 година, најавен како "модерно толкување на најстарата и мистична состојка на парфимеријата: темјан, во светкав мозаик од смола".
од: ден 6.800,00