Prada Amber Pour Homme е првиот машки мирис на Prada, кој е лансиран веднаш по женскиот кој е исто така ориентален, на база на килибар и со кој има доста сличности. Претставен е во 2006 година, креација на парфимерката Daniela (Roche) Andrier. Парфемот воопшто не е агресивен како што би се очекувало од ориенталниот мирис со кожа и амбер, туку напротив- тој е елегантен и маженствено нежен.
од: ден 4.010,00
Prada Amber Pour Homme Intense е нова и поинтензивна верзија на машкиот првенец Amber Pour Homme од 2006 година. Рафинираност и маженственост на оригиналниот парфем, како и интензивниот мирис на килибар се интерпретира со нови, исклучително квалитетни состојки, но со цел да се задржи спојот на традицијата и модерните трендови, препознатливи за Prada. Претставен е во 2011 година.
од: ден 4.260,00
Candy е ориентален гурмански парфем за жени, претставен во 2011 година, а креација е на парфимерката Daniela (Roche) Andrier. Композицијата е составена од привлечни, сензуални слатки ноти од мошус на почетокот, благородниот бензоин во срцевината и основата е карамела. Сите заедно му даваат на парфемот автентичен, уникатен потпис. Заводлив мирис, експлозија на шокантно розеви и златни бои, покажувајќи нов аспект на женственоста на Prada.
од: ден 4.170,00
Candy Kiss е претставен во февруари 2016 година. Мирис за жени кој припаѓа на колекцијата на разиграни гурмански мирисни ноти на Prada. Овој нов мирис има заразна природа во композицијата на ноти со уште повеќе застапен карактеристичниот мирис на мошус. Нијансите од ванила, портокал, нежниот бел памук и присуството на мошусот се задржуваат на кожата како сензуален сладок бакнеж. Инспириран од опсесија и повторување, Prada Candy Kiss е создаден да активира емоции и впечатоци. Парфимерката Daniela (Roche) Andrier е и овојпат креаторка на парфемот.
од: ден 4.070,00
Prada L'Homme Intense е ориентален дрвенест мирис за мажи, претставен во 2017 година, креација на Daniela (Roche) Andrier. Новиот мирисни пар Prada La Femme и Prada L'Homme се појавуваат на пазарот во средината на 2016 година, а во јуни 2017 година најавени се нивните збогатени и интензивни композиции во концентрација на Eau de Parfum Intense. Prada L'Homme Intense ветува повеќеслојно искуство и го зголемува мирисот со чии ноти дава ориентален и дрвенест потпис на целата креација.
од: ден 4.300,00
Дизајнерската куќа Prada ги лансира La Femme и L'Homme во средината на 2016 година. Мирисниот пар "еднакви" претставува маж и жена повторно споени во идентична визија. Таа може да биде тој, тој би можел да биде таа. Таа е апсолутно жена, тој е апсолутно маж. Помеѓу нив не постои очигледна дефиниција на врска. Може да бидат љубовници, пријатели, па дури и странци. Двајцата имаат повеќе идентитети. La Femme е класичен, ориентално цветен женски мирис.
од: ден 4.250,00
La Femme Intense е ориентално цветен мирис за жени. Mирисниот пар Prada La Femme и Prada L'Homme се појавуваат на пазарот во средината на 2016 година, а во јуни 2017 година најавени се нивните збогатени и интензивни композиции во концентрација на Eau de Parfum Intense. Парфемот е креација на Daniela (Roche) Andrier. Интензитетот на мирисот е постигнат со додавање на цветните ноти на тубероза и ylang-ylang.
од: ден 3.200,00
На почетокот на 2018 година, на полиците пристигна 7-та верзија на популарниот мирис на Prada, Luna Rossa. Luna Rossa Black ја следи оригиналната Luna Rossa од 2012 година, како Luna Rossa Carbon од 2017 година. Последниот во низата софистицирани мириси, Luna Rossa Black доаѓа енергично, но остава изразен, блескав впечаток. Карактеристично е што во оваа верзија на Prada Luna Rossa е изоставена нотата на лаванда, која беше клучна карактеристика во многу други изданија на Luna Rossa. Креацијата на мирисот е повторно парфимерката Daniela (Roche) Andrier.
од: ден 3.180,00
Prada Luna Rossa Carbon е заводлив, машки мирис инспириран од судирот на природата и технологијата. Ботаничките средства дестилирани на пареа, синтетиката, минералите и современите материјали се обединуваат во една карактеристична мешавина, што го прават мирисот посебен. Претставен е во 2017 година, а е креација на Daniela (Roche) Andrier.
од: ден 2.950,00
Prada го претставува Luna Rossa во септември 2012 година, наречен по едрилицата и тимот Црвенa Месечина, или Luna Rossa, кој учествувал во Американскиот Куп. Новиот мирис, со оглед на своето име, црпи инспирација од светот на екстремното едрење, престижот, морската природа и страста за иновации и победа. Композицијата ја креира парфимерката Daniela Andrier од дизајнерската куќа Givaudan. Дизајнот на шишето од парфемот е исто така инспирација од модерните едрилици, а го потпишува Yves Behar.
од: ден 3.350,00
Prada ја надополнува својата колекција на Luna Rossa со новиот машки Luna Rossa Sport кој доаѓа во иста форма како и претходните од истата линија - атрактивна црвена боја на стакло, комбинирана со сребрени металик делови и го претставува спортскиот стил и супериорната техника на едрење. Истакнат, атрактивен, модерен и поинаков од целата линија на дизајнерската куќа. Има ориентален зачински мирис, наменет за мажи. Претставен е во 2015г, а е креација на парфимерката Daniela (Roche) Andrier.
од: ден 3.740,00