Топ 10

10 Производ(и)

Најпродавани машки парфеми
  • AZZARO Chrome EDT

    Chrome е свеж мирис во кој доминираат цитрусни и мошусни акорди. Долготраен мирис наменет за сите генерации.

    од: ден 2.600,00

    Преглед
  • BVLGARI Aqva pour Homme EDT

    Aqva Pour Homme е енергичен, воден машки мирис со освежителни морски ноти. Почнува со свежи ноти на петитгреин, есенцијални масла од листови и гранки од портокал. Во срцето на мирисот се наоѓа морска трева Posidonia oceanica. Основата е истакнато маженствена, благодарение на минералниот килибар и дрвените ноти. Креатор на мирисот е Jacques Cavallier. Направен е во 2005 година.

    од: ден 2.400,00

    Преглед
  • CALVIN KLEIN CK One EDT

    Цитрусен и ароматски мирис за мажи и жени, претставен во 1994 година, креиран од Alberto Morillas и Harry Fremont. Горните ноти се ананас, зелени ноти, мандарина, папаја, бергамот, кардамон и лимон. Во средината се цветните ноти, во основа дрвенестите ноти. Производот е фабрички спакуван без целофан.

    од: ден 1.400,00

    Преглед
  • CAROLINA HERRERA 212 VIP Men EDT

    По женскиот 212 VIP во 2010 година, Carolina Herrera го лансира и машкото издание. Воден од истиот стил со слоганите "Дали си на листа?" и "Ова е приватна забава!". 212 VIP го претставува животниот стил на "висока нога". Инспирација била њујоршката младина, модерни и креативни луѓе секогаш спремни за забава. Претставен во 2011 година, креиран од Emilie (Bevierre) Coppermann и Lucas Sieuzac.

    од: ден 2.900,00

    Преглед
  • ISSEY MIYAKE L`Eau D`Issey pour Homme EDT

    Issey Miyake користи многу ретки и необични компоненти за своите парфеми со цел да постигне ефект на безгранична и вонвременска слобода. L'Eau d'Issey Pour Homme е создаден со идеја да биде универзална тоалетна вода за сите прилики. Овој дрвенесто-воден мирис го создал Jacques Cavallier во 1994 година.

    од: ден 2.900,00

    Преглед
  • VERSACE Eros EDT

    Eros е инспириран и длабоко поврзан со грчката митологија. Цел на ова издание е да се откријат и скротат страстите и да се нагласат желбите. Наречен е по грчкиот бог на љубовта и син на божицата Афродита - Ерос. Содржи мирис на нане комбинирано со зелено јаболко и италијански лимон. Во основата се дрвенестите ноти и ванила. Парфемот е креиран од Aurelien Guichard.

    од: ден 2.800,00

    Преглед
  • VERSACE Versace Man Eau Fraiche EDT

    Новата верзија на на мирисот Versace Man е посвежа и водена. Доколки првиот Versace Man имаше латиноамерикански дух благодарение на тутунот во ориентално опкружување, овој мирис е медитерански, морски со дрвенести ноти. Во горните ноти има лимон, бергамот и роза. Во срцето се кедар, тарагон, жалфија и бибер. Основата ја прават килибар, мошус, шафран и дрвенести ноти. Креиран е во 2006 година од Olivier Cresp.

    од: ден 2.400,00

    Преглед
  • VERSACE Versace pour Homme EDT

    Овој парфем е идеален еквивалент на женскиот парфем на Versace претставен во 2007 година. Претставува силен, сензуален и одлучен маж. Карактеристични ноти се бергамот, неролино масло, горчлив портокал и дијамантски цитрон - големо овошје пронајдено на кугот на Италија. Средните ноти ги сочинуваат гераниум, жалфија, син зумбул и кедар, а основата разни дрвенести ноти, килибар и мошус. Креиран е во 2008 година од Alberto Morillas.

    од: ден 2.800,00

    Преглед