Поп-пеачката Ariana Grande го претстави својот прв парфем во септември 2015 година, наречен Ari by Ariana Grande. Мирисот е најавен како раскошен и сексипилен, со уникатниот карактер и стил на Ariana. Пораката која ја праќа до своите обожаватели преку лансирањето на овој парфем е да ги прифатат своите недостатоци и да ги прослават своите разлики, да бидат свои и да се сакаат како такви. Единствени!
од: ден 3.110,00
Cloud е цветно-овошен гурмански мирис за жени, претставен во 2018 година. Парфемот е нова креација на радост, инспирирана од оптимизам и надеж. Возбудлив и занесен мирис со уметнички израз на позитивна енергија и среќа. Clement Gavarry е парфимерот кој стои позади ова издание.
од: ден 3.850,00
Acqua di Gioia е мирис презентиран уште од март 2010 година. Заводливите ароми на морето се ставени во прв план, кои се всушност и инспирација за креаторите. Составот на парфемот се споредува со жена која е со силен, достоинствен и слободен дух, но, истовремено и во совршена хармонија со природата. Инспириран од неколку летни одмори поминати на островите Пантелерија и Антигва, каде Армани има свои вили, мирисот го водеше до идејата за бегство во природа, небесно место за вистински одмор каде ја враќа енергијата неопходна на телото и душата, и каде создаваме природна рамнотежа. Парфемот е создаден од страна на тројца парфемери Лок Донг, Ана Флипо и Доминик Ропион.
од: ден 3.500,00
Армани во 2017 година го најави новиот пар парфеми, машка и женска верзија, кој е всушност новиот столб на линијата од Емпорио Армани. Истата таа линија на парфеми ја претставува "Модерната љубовна приказна на денешницата". Женската верзија Because It's You и машката Stronger with You се достапни на пазарот од јуни 2017 година. Anne Flipo стои позади оваа приказна.
од: ден 4.350,00
Парфемот е креиран од Thierry Wasser во 2007 година, а мирисот се класифицира како гурмански-цветен. Горните ноти се личи и малина, во средината се фрезија и момина солза, а во основата ветивер, дрво кедар, пачули и ванила. ПР тимот на Emporio Armani изјави: Ја користиме розата, но на многу гурмански начин, како цвет кој може да се изеде.
од: ден 4.430,00
Emporio She е ориентален парфем за жени, доста модерен со нагласени цветни ноти. Се појавува како славеничко и лимитирано издание на 10 годишнината од постоењето на Emporio парфемите. На пазарот се појавува во мај 2008 година.
од: ден 2.170,00
Emporio Armani In Love With You е нова верзија на Because It's You. Замислен е како мирис на љубовта, возбуда и адреналин. Создаден е од деликатни овошни и цветни тонови. Композицијата се отвора со зрели бобинки, во срцето се развива со роза и горчлив пелин.
од: ден 4.060,00
Si е креиран од Christine Nagel во 2013 година. Заштитно лице на парфемот е австалиската актерка Cate Blanchett. Во горните ноти се наоѓаат лист од црна рибизла, во средината бела фрезија и мајска роза, а во основа ванила, пачули и дрвенести ноти.
од: ден 4.690,00
Si е креиран од Christine Nagel во 2013 година. Заштитно лице на парфемот е австалиската актерка Cate Blanchett. Во горните ноти се наоѓаат лист од црна рибизла, во средината бела фрезија и мајска роза, а во основа ванила, пачули и дрвенести ноти.
од: ден 4.360,00
Нејзиниот прв парфем Heat беше голем успех и ги воодушеви нејзините обожаватели. Во февруари 2011 година, само една година по излегувањето на Heat, на пазарот пристигна нов парфем. Heat Rush е уште едно издание што ќе се создаде во соработка со Coty Beauty. Парфемерот кој работел на новиот мирис е Honorine Blanc. Heat Rush е дизајниран како совршен придружник на Heat, бидејќи Heat е идеален како вечерен парфем, додека Heat Rush е одличен за дневни прошетки или состаноци.
од: ден 1.680,00
Мирисот е замислен како неопходен додека го посетувате градот Лондон, доколку сакате да го почувствувате пулсот на стариот и современиот град. Ова е класичен цветен мирис со јасмин во центарот. Парфемот се отвора со роза во хармонија со ноти на мандарина. Белото цветно срце вклучува јасмин, тиаре и божур. Остава дрвенести траги и мошус. Burberry London е направен во 2006 година од Dominique Ropion. Заштитни лица на кампањата се актерите Rachel Weisz и Ioann Gruffud.
од: ден 2.550,00
Burberry the Beat се појавува во 2008 година, креиран од Dominique Ropion, Olivier Polge и Beatrice Piquet. Преовладуваат ноти од чај, ирис, бергамот, кадрамон, црвен бибер, мандарина, светол мошус, ветивер и кедар. Парфемот има музичка конекција. Создаден е по кенцептот на музика од албумите Kasabian, Dirty Pretty Things, Razorlight, the Arctic Monkeys и The Fratellis, илустрирајќи расположение кое ќе го донесе парфемот the Beat.
од: ден 2.300,00
Овој парфем се појавува во револуционерно време за Burberry, кога конзервативниот бренд се отвора кон модерниот свет со доаѓање на арт директорот Roberto Menichetti во 1998 година. Лице на парфемот како и на комплетниот тренд на промена во компанијата е британскиот модел Stella Tennant. Парфемот е мек и комотен со воздржана свежина во високите ноти на црна рибизла, црвена пиперка и портокал кои водат кон прекрасните цветни ноти во срцето. Розата, момината солза и јасминот се мешаат со овошните нијанси на праска и малина. Креиран е од Michel Girard.
од: ден 2.580,00
Aqva Divina е првиот женски мирис од колекцијата Bvlgari Aqva, која до февруари 2015 година вклучуваше само машки мириси. BVLGARI Aqva Divina е инспириран од сликата на познатиот Ботичели "Раѓањето на Венера". Мирисот е најавен како светлост и сензуалност.
од: ден 2.640,00