Оваа политика за приватност се однесува на тоа како fragrance.mk ги користи и заштитува вашите податоци на оваа веб страна. fragrance.mk се обврзува да ја заштити вашата приватност. Доколку од вас побараме одредени податоци за идентификација кога ја користите оваа веб страна, ве уверуваме дека тие ќе се користат во согласност со оваа Политика за Приватност и во согласност со законите на РМ. fragrance.mk понекогаш може да ја промени оваа Политика за Приватност за да ја усогласи со моменталните закони во РМ. Пожелно е да ја прочитате Политиката за Приватност пред да направите нарачка за да се осигурате дека сте согласни со начинот на кој ги користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Можеме да ги собираме следниве податоци:
За комплетна листа на cookies кои ги собираме, кликнете овде.
Покрај основната намена за испорака, податоците ги користиме и за подобрување на нашите услуги.
Ве уверуваме дека вашите податоци се безбедни. За да се спречи неавторизиран пристап до податоците, постои заштита од хостинг провајдерот како и SSL дирекно на нашата веб страна.
Cookie е мал фајл кој со ваша дозвола се копира на хард дискот на вашиот компјутер. Кога ќе дозволите негова употреба, фајлот помага за анализа на користењето на интернетот или ве известува кога ќе посетите одредена веб страна. Cookies им овозможуваат на веб апликациите да ве третираат индивидуално. Веб апликациите се прилагодуваат на вашите потреби и интереси со собирање на податоци за вашата работа на интернет.
Ние ги користиме Cookies за тоа кои страни од fragrance.mk се посетени. Ова ни помага за анализирање на податоците за посетеноста и интересот за одредени производи на нашата веб страна со што полесно и попрецизно можеме да ја прилагодиме на потребите на потрошувачите. Овие податоци ги користиме само за статистика, а потоа истите ги отстрануваме од системот.
Генерално, Cookies ни помагаат да понудиме подобра веб страна. Cookie во никој случај не ни овозможува пристап до вашиот компјутер или било какви други информации за вас, освен оние кои вие ги внесувате на нашата веб страна. Можете да изберете да ги прифатите (Accept) Cookies или да не ги прифатите (Decline). Повеќето веб прелистувачи автоматски прифаќаат Cookies, но доклку сакате, можете таа опција да ја промените во прилагодувањето на веб прелистувачот. На тој начин спречувате функционирање на дел од услугите на нашата веб страна.
Нашата веб страна може да содржи линкови до други веб страни. Доколку посетите таков линк и ја напуштите нашата веб страна, имајте во предвид дека ние немаме контрола на таа веб страна.
Од таа причина, не можеме да бидеме одговорни за вашата приватност и заштита на вашите лични податоци кои ќе ги споделите надвор од нашата веб страна.
Можете да забраните користење на вашите лични податоци на еден од следниве начини:
Ние нема да ги продаваме или даваме вашите лични податоци на трети страни, освен ако тоа од нас не биде законски побарано.
Доколку сметате дека вашите податоци кои ги имаме се неточни или некомплетни, пишете ни.
Вашите податоци ги внесувате сами и вие одговарате за нивната точност и веродостојност. Ние не сносиме никаква одговорност за внесените податоци.
Во табелата подолу е прикажана листа на cookies кои ги собираме и кои податоци тие ги содржат.
Име на COOKIE | Опис на COOKIE |
---|---|
CART | Потрошувачка корпа. |
CATEGORY_INFO | Содржи информации за категоријата и овозможува побрзо вчитување на страната. |
COMPARE | Производи кои се наоѓаат во Листата за споредба. |
CURRENCY | Валута |
CUSTOMER | Заштитена верзија на вашето корисничко име. |
CUSTOMER_AUTH | Индикатор дали сте најавени. |
CUSTOMER_INFO | Заштитена верзија на која група на потрошувач припаѓате. |
CUSTOMER_SEGMENT_IDS | Податоци за корисничкиот сегмент |
EXTERNAL_NO_CACHE | Ознака дали е вклучена Cache опцијата на вашиот веб прелистувач. |
FRONTEND | Вашата сесија на серверот. |
GUEST-VIEW | Овозможува корисниците кои не се најавени да ги ажурираат нарачките. |
LAST_CATEGORY | Последна категорија која сте ја посетиле. |
LAST_PRODUCT | Последниот производ кој сте го посетиле. |
NEWMESSAGE | Означува дали имате нова порака. |
NO_CACHE | Означува дали е дозволена употреба на Cache. |
PERSISTENT_SHOPPING_CART | Информации за потрошувачката корпа и историја. |
POLL | Корисничко име за учество во анкети. |
POLLN | Информација во кои анкети сте учествувале. |
RECENTLYCOMPARED | Кои производи сте ги споредувале. |
STF | Кои производи сте ги препратиле на пријател. |
STORE | Преглед и јазик на страната. |
USER_ALLOWED_SAVE_COOKIE | Означува дали е дозволена употреба на cookies. |
VIEWED_PRODUCT_IDS | Скоро гледани производи. |
WISHLIST | Заштитена листа на производи внесени во Листа на желби. |
WISHLIST_CNT | Број на производи во Листа на желби. |