Политика за приватност

Оваа политика за приватност се однесува на тоа како fragrance.mk ги користи и заштитува вашите податоци на оваа веб страна. fragrance.mk се обврзува да ја заштити вашата приватност. Доколку од вас побараме одредени податоци за идентификација кога ја користите оваа веб страна, ве уверуваме дека тие ќе се користат во согласност со оваа Политика за Приватност и во согласност со законите на РМ. fragrance.mk понекогаш може да ја промени оваа Политика за Приватност за да ја усогласи со моменталните закони во РМ. Пожелно е да ја прочитате Политиката за Приватност пред да направите нарачка за да се осигурате дека сте согласни со начинот на кој ги користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Кои податоци се собираат

Можеме да ги собираме следниве податоци:

  • Име и презиме
  • Контактни информации вклучувајќи ја вашата email адреса
  • Демографски податоци како поштенски код, начин на кој ја користите веб страната и производи од ваш интерес

За комплетна листа на cookies кои ги собираме,  кликнете овде.

 

Како ги користиме личните податоци

Покрај основната намена за испорака, податоците ги користиме и за подобрување на нашите услуги.

  • Интерно сметководство.
  • Може да ги користиме податоците за подобрување на понудата и услугите.
  • Периодични може да ви испратиме email со промотивна содржина, специјална понуда или други информации кои мислиме дека може да бидат интересни за вас, но само доколку ја пријавите вашата email адреса за да добивате новости.

 

 

 

Заштита на податоците

Ве уверуваме дека вашите податоци се безбедни. За да се спречи неавторизиран пристап до податоците, постои заштита од хостинг провајдерот како и SSL дирекно на нашата веб страна.

Како се користат cookies

Cookie е мал фајл кој со ваша дозвола се копира на хард дискот на вашиот компјутер. Кога ќе дозволите негова употреба, фајлот помага за анализа на користењето на интернетот или ве известува кога ќе посетите одредена веб страна. Cookies им овозможуваат на веб апликациите да ве третираат индивидуално. Веб апликациите се прилагодуваат на вашите потреби и интереси со собирање на податоци за вашата работа на интернет.

Ние ги користиме Cookies за тоа кои страни од fragrance.mk се посетени. Ова ни помага за анализирање на податоците за посетеноста и интересот за одредени производи на нашата веб страна со што полесно и попрецизно можеме да ја прилагодиме на потребите на потрошувачите. Овие податоци ги користиме само за статистика, а потоа истите ги отстрануваме од системот.

Генерално, Cookies ни помагаат да понудиме подобра веб страна. Cookie во никој случај не ни овозможува пристап до вашиот компјутер или било какви други информации за вас, освен оние кои вие ги внесувате на нашата веб страна. Можете да изберете да ги прифатите (Accept) Cookies или да не ги прифатите (Decline). Повеќето веб прелистувачи автоматски прифаќаат Cookies, но доклку сакате, можете таа опција да ја промените во прилагодувањето на веб прелистувачот. На тој начин спречувате функционирање на дел од услугите на нашата веб страна.

Линкови до други веб страни

Нашата веб страна може да содржи линкови до други веб страни. Доколку посетите таков линк и ја напуштите нашата веб страна, имајте во предвид дека ние немаме контрола на таа веб страна.

 

Од таа причина, не можеме да бидеме одговорни за вашата приватност и заштита на вашите лични податоци кои ќе ги споделите надвор од нашата веб страна.

 

Контрола на вашите лични податоци

Можете да забраните користење на вашите лични податоци на еден од следниве начини:

  • Кога внесувате податоци во некоја од формите на веб страната, одберете ја опцијата дека не сакате вашите податоци да се користат во никакви дирекни маркетинг активности
  • Ако претходно сте дозволиле употреба на податоците за дирекни маркетинг активности, можете да се предомислите и да ни пишете.

Ние нема да ги продаваме или даваме вашите лични податоци на трети страни, освен ако тоа од нас не биде законски побарано.

 

Доколку сметате дека вашите податоци кои ги имаме се неточни или некомплетни, пишете ни.

Вашите податоци ги внесувате сами и вие одговарате за нивната точност и веродостојност. Ние не сносиме никаква одговорност за внесените податоци.

 

 

Листа на cookies кои ги собираме

Во табелата подолу е прикажана листа на cookies кои ги собираме и кои податоци тие ги содржат.

Име на COOKIEОпис на COOKIE
CART Потрошувачка корпа.
CATEGORY_INFO Содржи информации за категоријата и овозможува побрзо вчитување на страната.
COMPARE Производи кои се наоѓаат во Листата за споредба.
CURRENCY Валута
CUSTOMER Заштитена верзија на вашето корисничко име.
CUSTOMER_AUTH Индикатор дали сте најавени.
CUSTOMER_INFO Заштитена верзија на која група на потрошувач припаѓате.
CUSTOMER_SEGMENT_IDS Податоци за корисничкиот сегмент
EXTERNAL_NO_CACHE Ознака дали е вклучена Cache опцијата на вашиот веб прелистувач.
FRONTEND Вашата сесија на серверот.
GUEST-VIEW Овозможува корисниците кои не се најавени да ги ажурираат нарачките.
LAST_CATEGORY Последна категорија која сте ја посетиле.
LAST_PRODUCT Последниот производ кој сте го посетиле.
NEWMESSAGE Означува дали имате нова порака.
NO_CACHE Означува дали е дозволена употреба на Cache.
PERSISTENT_SHOPPING_CART Информации за потрошувачката корпа и историја.
POLL Корисничко име за учество во анкети.
POLLN Информација во кои анкети сте учествувале.
RECENTLYCOMPARED Кои производи сте ги споредувале.
STF Кои производи сте ги препратиле на пријател.
STORE Преглед и јазик на страната.
USER_ALLOWED_SAVE_COOKIE Означува дали е дозволена употреба на cookies.
VIEWED_PRODUCT_IDS Скоро гледани производи.
WISHLIST Заштитена листа на производи внесени во Листа на желби.
WISHLIST_CNT Број на производи во Листа на желби.