Мирисни групи

Цветни

Ова е најголема мирисна група која вклучува многу варијанти на композиции со цветно срце: свежо набрано цвеќе, цвеќе со водени, зелени или пудрести нијанси, како и цветно-алдехидни, цветно-овошни и гурмански композиции.

Слатки

Користејќи ги идеите од гурманскиот свет, изработувачите на парфеми ги користат слатката ванила, богатото чоколадо и медот. Тоа е само дел од мирисите кои ја создаваат оваа разиграна и привлечна група.

Свежи

Групата на Свежи парфеми ги опфаќа мирисот од свежо искосена трева до мирисот на виолетови листови или водени ноти како што се влажниот воздух по невреме или лесниот морски летен ветар.

Цитрусни

Цитрусната група на мириси е стара композиција со ноти на лимон, портокал, бергамот, грејпфрут или мандарина, заедно со други цитрусни, ароматични остри ноти за машки или цветни ноти за женски мириси.

Зачинести

Група која е инспирирана од фамилијата на традиционални ориентални мириси. Зачините, темјанот и пачули се некои од состојките кои помешани заедно создаваат сензуални и софистицирани мириси.

Дрвени

Со употреба на технологија за клонирање на дрвените мириси на кедар и бор или на нотите на тутунот и изгорено дрво, изработувачите на парфеми ги користат сите можност кои ги нуди Дрвената група на мириси.

Пудрести

Парфемите парфеми се голем тренд во последните ноколку години. Покрај ретро ефектот, парфемите во оваа категорија даваат пријатно суво чувство на кожата и давват чувство на елеганција.