Дуалистичката природа на Ange ou Demon (ангел или ѓавол) открива нови чувства, привлекува и заведува со својата таинственост и променливост. Слатка свежина во високите ноти (мандарина, бел ким и шафран) претходи на раскошното цветно срце, а во основата се наоѓаат дрвенести ноти. Креиран од Jean-Pierre Bethouart и Olivier Cresp.
од: ден 3.680,00
Ange Ou Demon Le Secret Elixir е длабока, богата и сензуална верзија која ја доведува заводливоста до нејзиниот врв. Композицијата е цветна со горчлив почеток и дрвенеста позадина од пачули. Отвора со свежината на италијански лимон, зелен чај и неролиево масло. Во средината се бели цветови од јасмин, цвет од портокал и плумерија. Во основа има ванила, пачули, кедар и бел мошус. Претставен е во 2011 година.
од: ден 2.810,00
Blue Label pour Homme е порелаксирана верзија од Givenchy pour Homme. Свеж и динамичен мирис за атрактивни мажи кои ја ценат слободата. Мирисот ја зачувува својата елеганција, но добива и нова бунтовничка нота. Комбинацијата од дрвенести ноти дава интензитет багодарение на свежиот коктел од грејпфрут и бергамот. Креиран од Alberto Morillas и Ilias Ermenidis во 2004 година.
од: ден 3.640,00
Givenchy го лансира Dahlia Divin во 2014 година. Ја следи тематиката на линијата Dahlia Noir започната во 2011 година. Dahlia Divin е композиција центрирана околу нота на јасмин на дрвенеста основа. Креирана од Francois Demachy.
од: ден 4.710,00
Givenchy го лансира третото издание на Dahlia Divin колекцијата во јуни 2016 како интензивна верзија Dahlia Divin Le Nectar de Parfum по оригиналот Eau de Parfum од 2014 година и Dahlia Divin Eau de Toilette од 2015. Колекцијата ја следи тематиката на Dahlia Noir линијата од 2011 година. Nectar de Parfum претставува луксузна, Haute Couture парфем, симбол на златото и женственоста, најавен како "боженствен еликсир на потенцијата". Композицијата е креирана од François Demachy, фокусиран на златните цветови на мимозата. Нотата на јасмин, присутна во сите Dahlia Divin креации, надополнета со сензуална и елегантна роза. Цветното срце се потпира на дрвена основа.
од: ден 3.820,00
Givenchy Gentleman е машки парфем претставен во 1974 година, дизајниран од Paul Leger. Отвора со ноти на бергамот, лимон, роза, мед и цимет. Во средината се пачули, јасмин, кедар и корен од ирис, додека во основата се килибар, кожа, дрвенести ноти, мошус и ванила.
од: ден 3.510,00
Gentlemen Only претставува модерен омаж во дизајнерската куќа на Givenchy- продолжение на класичниот Givenchy Gentleman од 1974 година. Овој мирис своевремено означувал револуција на машките парфеми воведувајќи јаки и интензивни дрвени ноти, наместо традиционалните ароматични и цитрусни. Gentlemen Only е посветен на мажите во денешно, модерно време креиран со модерни дрвенести ноти. Заштитно лице на парфемот е австралискиот актер Simon Baker.
од: ден 3.810,00
Најавен како сјај на елеганција и свежина, претставува покана за летна утринска прошетка покрај реката Сена. Мирисот е претставен во пролетта 2016 година и е освежувачки, тоник-тоалетна вода за господа во секој момент. Составот е цитрус, ароматичен и дрвенест. Се отвора со тонични акорди од непалско нане и лимон. Ароматичното срце на жалфијата ја проширува свежината на мирисот. Хаитскиот ветивер се меша со амброксан во основата, создавајќи сензуална елеганција, карактеристична за линијата Gentlemen Only.
од: ден 2.610,00
Givenchy pour Homme е наменет за елегантни, креативни мажи со интуитивно чувтство за стил. Givenchy мажот е пред се џентлмен. Мирисот е дрвенесто свеж и елегантен. Креиран е од Alberto Morillas и Ilias Ermenidis во 2002 година.
од: ден 3.470,00